Слава на кулинарниот гениј што ја осмисли оваа салата! Највкусната оливие салата / зимска салата
Оваа класична руска салата, позната и како зимска, е вистински празник на вкусот – кремаста, свежа и полна со текстури.
Идеална за семејни собири или празнична трпеза, таа ги спојува едноставните состојки во хармонично ремек-дело, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
200 грама салама или шунка
4 јајца
1 главица кромид
2 компири
2-3 кисели краставици
1 морков
100 грама грашок
сол по вкус
1,5 лажица мајонез
НМД
2-3 гранчиња копар
Постапка:
Прво сварете ги јајцата, а компирите и морковот варете ги неизлупени додека да омекнат. Излупете ги и исечкајте ги на коцки заедно со саламата и киселите краставички.
Кромидот ситно исечкајте го, а грашокот ако е замрзнат, кратко бланширајте го.
Во голем сад ставете ги сите исечкани состојки, додајте сол по вкус и 1,5 лажица мајонез или колку што е потребно за да се поврзат состојките.
Добро измешајте за да се соединат вкусовите.
Подгответе калап со флексибилен обрач и внатрешно намачкајте ја со малку масло. Ставете ја салатата внатре и рамномерно притиснете ја. Внимателно тргнете го обрачот.
Страните на салатата премачкајте ги со тенок слој мајонез. По желба декорирајте ја со рендани белки од јајца и свежи гранчиња копар.
Оставете ја во фрижидер барем еден час пред послужување за да се спојат вкусовите. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































