Старски залиен колач со ореви – едноставен и извонредно вкусен
Овој класичен десерт со нежна текстура и богат вкус на ореви, натопен во освежителен шеќерен сируп со арома на лимон, е совршен избор за секојдневно уживање или семејни собири, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
За тестото:
4 јајца
12 лажици шеќер
200 мл масло
200 мл млеко
12 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
100 г мелени ореви
НМД
За шербетот:
200 г шеќер
200 мл вода
3 тркалца лимон

Постапка:
Одделете ги белките од жолчките. Белките изматете ги пенасто со миксер, па постепено додавајте ги 12-те лажици шеќер и матете додека да се формира цврст снег.
Една по една додавајте ги жолчките и матете додека смесата се изедначи. Потоа сипете ги 200 мл млеко и 200 мл масло и промешајте.
Прашокот за печиво измешајте го со 12-те лажици брашно, па постепено додавајте го во смесата со јајцата и мешајте со шпатула.
На крајот додајте 100 г мелени ореви и повторно промешајте. Смесата истурете ја во плех со димензии 28 × 28 см, претходно премачкан со масло и посипан со брашно. Печете 20–25 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.
Едноставен, сочен ЏЕРИ колач со ореви, гриз и кекси, прелиен со сируп
За шербетот: во тенџере измешајте 200 г шеќер и 200 мл вода, па ставете на оган да провријат.
Штом проврие, оставете да се вари 2–3 минути на умерена температура, па тргнете го од огнот и додајте ги 3-те тркалца лимон. Оставете го настрана да се олади.
Кога колачот ќе се испече, оставете го малку да се подизлади (да не биде врел), па исечете го на коцки и прелијте го со оладениот (или млак) шербет.
Одозгора посипете го со ситно сечкани ореви и оставете го добро да се излади и да го впие шербетот. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












