Home Десерти Есенски колач со ореви се прави за 5 минути…Мек е како памук,...

Есенски колач со ореви се прави за 5 минути…Мек е како памук, мирисен и неодолив

Есенски колач со ореви

Овој есенски колач со ореви е идеален избор за брз и вкусен десерт кој се подготвува за само пет минути.

Со својата мека текстура и богат вкус на ореви, овој колач е совршен за уживање во есенските денови, било за појадок, ужина или како слатка завршница на вечерата.

Едноставен за подготовка, а сепак неодолив, овој рецепт ќе стане ваш омилен за секоја пригода, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки (за калап од 24 см):

– 3 јајца
– 200 г шеќер
– 150 г ореви
– 150 г брашно
– 150 мл масло
– 160 мл млеко
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 15 г прашок за печиво
– Шеќер во прав (за посипување)
– Дополнително: малку ситно сечкани ореви (за декорација)
– НМД

Постапка:

1. Загрејте ја рерната на 180°C (статична) или на 175°C (со вентилатор).
2. Во блендер сомелете 150 г ореви до ситна текстура.

3. Во длабок сад, со миксер изматете ги јајцата и шеќерот додека смесата стане пенаста, го зголеми волуменот и шеќерот целосно се растопи.

4. Додајте ги мелените ореви во смесата со јајца и шеќер.
5. Просејте го брашното и прашокот за печиво, па додајте ги во садот.

6. Потоа додајте го млекото, маслото и екстрактот од ванила. Матете со миксер додека сите состојки се соединат во хомогена смеса.

7. Подмачкајте калап за куглоф со дијаметар од 24 см со путер или обложете го со хартија за печење. Истурете ја подготвената смеса во калапот.

8. Одозгора посипете ситно сечкани ореви за декорација.

9. Печете во загреаната рерна околу 35-40 минути или додека колачот не добие златно-кафеава боја. Проверете со чепкалка дали е печен: ако излезе сува, колачот е готов.

10. Оставете го колачот малку да се излади, а потоа посипете го со шеќер во прав.

Овој колач е неверојатно мек и вкусен, со арома што ќе ги освои сите. Послужете го и уживајте во секој залак! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: