Зимница од зелени и црвени пиперки за брза подготовка
Оваа зимница од зелени и црвени пиперки е идеален рецепт за оние кои сакаат брзо и лесно да подготват вкусен додаток за зимските месеци.
Со свежи пиперки, лук и зачини, оваа конзервирана салата е готова за само неколку минути, а по една седмица е подготвена за консумација.
Совршена е за комбинирање со разни јадења или како самостојна закуска, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 500 г зелени пиперки
– 800 г црвени пиперки
– 1 главица лук
– 10 зрна црн пипер
– 1 лажичка шеќер
– 2 лажички сол
– 50 мл бел оцет (9%)
– 1 литар врела вода
– НМД
Постапка:
1. Исчистете ги пиперките од дршките и семките, па исечкајте ги на ситни коцки.
2. Во три чисти тегли со зафатнина од 800 мл, наредете слоеви од црвени и зелени пиперки. По желба, пиперките може да се измешаат.
3. Во секоја тегла додајте ситно сечкан лук, неколку зрна црн пипер, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол и 50 мл бел оцет.
4. Загрејте ги теглите однапред со ставање во топла вода или на дрвена подлога за да спречите пукање на стаклото. Потоа, внимателно наполнете ги со врела вода до врв.
5. Веднаш затворете ги теглите со чисти капаци, лесно протресете ги за да се измешаат состојките и превртете ги наопаку.
6. Покријте ги теглите со ќебе и оставете ги да се оладат на собна температура.
7. Зимницата е подготвена за консумација по една седмица.
Оваа зимница може да се чува на ладно и темно место и е одличен додаток за разни јадења во текот на целата година. Видео прилогот погледнете го ОВДЕ:
https://youtu.be/oJAVAUjkAx4?si=vCXbhbr1QEM1dWEX




































