Сатарш за зима – Рецепт и фотографии на Злата Периќ
Сатарашот е традиционално јадење што го краси секое домаќинство во текот на зимските месеци.
Овој едноставен, но вкусен рецепт ви овозможува да ги зачувате летните вкусови на пиперката и доматите на економичен начин.
Со малку труд и основни состојки, можете да подготвите сатараш што ќе го збогати вашето мени, пишува НМД. Еве како да го направите.
Потребни состојки:
– 500 мл масло
– 2 кг кромид
– 5 кг пиперки
– 3 кг домати
– 1 врзоп магдонос
– сол по вкус
– шеќер по вкус
– НМД
Постапка:
1. Во големо тенџере загрејте 500 мл масло на средна температура.
2. Додајте 2 кг ситно сечкан кромид и кратко пропржете го додека да омекне.
3. Додадете 5 кг исечкани пиперки и пржете околу 20 минути, повремено мешајќи.
4. Додајте 3 кг исечкани домати и продолжете со готвење додека смесата да ја достигне посакуваната густина. За полесна конзистенција, оставете ја смесата малку поретка.
5. На крајот, додајте сол и шеќер по вкус, како и ситно сечкан магдонос. Промешајте добро.
6. Врелиот сатараш сипете го во чисти и стерилизирани тегли, веднаш затворете ги.
7. Пастеризирајте ги теглите во рерна на 90 °C во траење од 90 минути или, по желба, додајте конзерванс според упатствата на производот.


8. Оставете ги теглите да се изладат на собна температура пред да ги складирате на суво и темно место.
Овој сатараш е идеален за зимските денови кога сакате да уживате во автентичните вкусови на летото. Добар апетит!Рецепт и фотографии на Злата Периќ




































