Колач од кокос со пченкарно брашно
Овој колач од кокос е совршен избор за сите што бараат вкусен и сочен десерт без пченично брашно.
Со својата мека и влажна текстура, овој рецепт е едноставен за подготовка, а комбинацијата од компир (или маниока) и кокос создава уникатен вкус што ќе ве воодушеви.
Идеален е за уживање со чаша кафе или чај, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки (се мери со чаша од 250 мл):
– 3 јајца големи
– 250 мл шеќер (може и повеќе, по вкус)
– 125 мл масло или 45 г путер
– 150 г рендан свеж сладок компир или обичен (маниока во оригиналниот рецепт)
– 250 мл млеко
– 100 г рендан кокос (по желба претходно накиснат во вода или сок)
– 250 мл пченкарно брашно (фино мелено)
– 1 лажица прашок за печиво
– НМД
Постапка:
1. Загрејте ја рерната на 180 °C. Подгответе правоаголна тава со димензии 30×20 см, намачкајте ја со путер и посипете ја со пченкарно брашно.
2. Во блендер ставете ги јајцата, ренданиот компир, шеќерот, маслото (или путерот) и млекото. Миксирајте додека смесата стане хомогена.
3. Додајте го пченкарното брашно и ренданиот кокос, па продолжете да миксирате додека сите состојки добро се соединат.
4. На крај, додајте го прашокот за печиво и нежно промешајте со лажица или шпатула за да се распредели рамномерно.
5. Истурете ја смесата во подготвената тава и израмнете ја површината.


6. Печете во загреаната рерна околу 40 минути или додека колачот добие златно-кафеава боја. Проверете со чепкалка дали е печен – ако излезе сува, колачот е готов.
7. Оставете го колачот да се излади во тавата, а потоа исечете го на парчиња.
Послужете со кафе или чај и уживајте во неговиот богат вкус и мека текстура. Добар апетит! Деталите погледнете ги во видео прилогот ОВДЕ:











