Најбрза КРЕМ-ОВОШНА ТОРТА ЗА 15 МИНУТИ…Без печење и готвење, а ниту миксер не ви е потребен…
Оваа торта е совршен избор за оние моменти кога сакате да уживате во вкусен десерт без многу труд.
Подготвена за само 15 минути, без печење или варење, оваа торта комбинира крцкава текстура на плазма кекс, свежина на малини и богат вкус на чоколадо, пишува НМД.
Со едноставни состојки и флексибилност во изборот на овошје, овој рецепт е идеален за секоја прилика.
Изберете го омиленото овошје и уживајте во кремаста посластица што ќе ги воодушеви сите! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 300 г плазма кекс (искршен со рака)
– 300 г мелена плазма
– 700 мл течен јогурт
– 500 г малини (замрзнати или свежи)
– 8–10 лажици шеќер (по вкус)
– 200 г чоколадо за готвење
– 100 мл слатка павлака
– НМД
Постапка:
1. Во голем сад, искршете 300 г плазма кекс со рака и додајте 300 г мелена плазма, 8–10 лажици шеќер, по ваш вкус, и добро измешајте.
2. Во смесата постепено сипете 700 мл течен јогурт и мешајте додека да се изедначи. Поделете ја смесата на два еднакви дела.
3. Во првиот дел додајте 500 г малини (замрзнати или свежи) и внимателно промешајте. Во вториот дел додајте 100 г растопено чоколадо за готвење и измешајте.
4. Во долгнавест, тесен и длабок калап за ролати или леб, обложен со проѕирна фолија, распоредете ја смесата со малини рамномерно на дното. Преку неа распоредете ја смесата со чоколадо.
5. Ставете ја тортата во фрижидер 2 часа за да се стегне.
6. По стврднувањето, превртете ја тортата на чинија за сервирање и отстранете ја фолијата.
7. Загрејте 100 мл слатка павлака, внимавајќи да не зоврие. Додајте 100 г чоколадо искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и се добие мазен ганаш.
8. Прелијте ја тортата со ганашот, декорирајте со мелена плазма и свежи малини, па оставете ја кратко да се стегне пред сечење.
9. Послужете ја тортата исечена на парчиња и уживајте во нејзиниот богат вкус! Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ: