Home Десерти ЛАЖНА КРЕМПИТА…Најфиниот крем од ванила помеѓу бисквити! По овој десерт секој посегнува…

ЛАЖНА КРЕМПИТА…Најфиниот крем од ванила помеѓу бисквити! По овој десерт секој посегнува…

<

ЛАЖНА КРЕМПИТА…Најфиниот крем од ванила помеѓу бисквити! По овој десерт секој посегнува…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
220 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
50 г скроб/нишесте/густин
700 г цврст јогурт или кисела павлака
70 г путер
18 парчиња бисквити
шеќер во прав за посипување

ПОСТАПКА:

Со жица измешајте ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер, скробот и јогуртот. Изматете сè добро, па варете на умерено тивок оган додека да се згусне со постојано мешање.

Исклучете го шпоретот, а потоа додајте го путерот и мешајте додека да се растопи. Тргнете го кремот настрана.

Наредете ги бисквитите во калапот 15х20 см, па прелијте го филот, израмнете го и наредете уште еден слој бисквити. Оставете во фрижидер да се излади, па посипете шеќер во прав. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ: