ПЛАЗМА КОЦКИ ЗА 15 МИНУТИ…Без печење, совршенство со секој залак…

Здраво драги пријатели, Се надевам дека сте добро и со добро здравје! Денеска споделувам со вас рецепт за КОЦКИ ЧОКО-ПЛАЗА ГОТОВИ ЗА 15 МИНУТИ Од ова поедноставно и поубаво не може да биде!

Сигурна сум дека ќе ви допадне овој десерт кој се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Кора:
350 г мелени бисквити
200 г стопен путер/маргарин
2-3 лажици сок од портокал (можеби ќе ви треба повеќе)

За фил:

250 г шлаг или 500 мл слатка павлака
500 мл млеко за шлагот (ако користите слатка павлака, не е потребно)
околу 150 г мелена плазма
400 г кисела павлака
150 г шеќер во прав
1-2 лажици несквик или какао

ПОСТАПКА:

Кора: во бисквитите додајте го растопениот путер и рачно измешајте. Додајте сок по потреба, за да не се раскашави премногу, туку да добие конзистенција на влажен песок.

Втиснете го на дното од калапот и оставете во фрижидер додека го подготвувате филот.

Фил: изматете го шлагот со млекото, а посебно киселата павлака со шеќерот во прав. Во изматената павлака постепено додајте го шлагот, малку по малку, и продолжете со матењето.

Потоа додајте ги бадемите по желба и Несквикот, можете да изматите или со миксер или со шпатула. Врз основата распоредете го филот, декорирајте и оставете во фрижидер преку ноќ, или во замрзнувач 2 часа. Постапката погледнете ја ОВДЕ: