БОЖИЌНИ ЛИМОН КОЛАЧИ…Едноставна подготовка за многу вкусни чајни кекси…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
1 прстофат сол
100 г шеќер (6 лажици)
80 г растопен путер (4 лажици)
ситно рендана кора од лимон
1 лажичка ванилин шеќер
320 г брашно (2 чаши)
1 лажичка прашок за печиво
шеќер во прав
се печат 15-20 минути на 180 степени
ПОСТАПКА:
Соединете ги сите состојки, а на крај додајте го брашното помешано со прашок за печиво. Замесете меко, нелепливо тесто и оставете го 1 час во фрижидер.
Правете топчиња, валајте го во шеќер во прав и редете ги во плех обложен со хартија. Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути. Оставете да подизладат пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
За 5 минути го замесувам тестото, правам топчиња и ги печам…многу вкусни РАСПУКАНКИ чајни колачи…