7 ситни колачи без млеко и јајца…Посни, една смеса, неколку трикови…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Состојки за основата:
600 г маргарин или путер
450 г шеќер во прав
1,5 кг мелени бисквити (+100 г ако е потребно)
400 мл сок од портокал или млеко

Изматете го маргаринот со шеќерот, додајте сок, а потоа и мелени бисквити. Замесете тесто кое лесно се обликува, а ако е потребно додајте уште бисквити. Поделете ја смесата на 7 дела.

1.Триаголници со желе бонбони
150 г желе бонбони
100 г бело чоколадо (стопено)
100 г мелени ореви
Бисквит по потреба (за полесно обликување)

Во основната смеса додајте ги наведените состојки и по потреба додајте уште бисквити (ако е леплива). Смесата втиснете ја во триаглест калап обложен со хартија. Остатокот од смесата свиткајте го како салама. Оставете во фрижидер.

2.Ролатчиња со чоколадни бранови и лешници
100 г печени мелени лешници
100 г бело чоколадо (стопено, за фил)
50 г темно чоколадо (за боење)

Во основната смеса додајте печен и мелен лешник, па поделете на два дела. Обликувајте два колбаси, па со дршката од дрвена лажица направете вдлабнување на средината.

Во вдлабнувањето сипете стопено бело чоколадо, а шарите направете ги со црно. Оставете во фрижидер.

3.Ролат со ореви
50-100 г стопено темно чоколадо
екстракт од рум (по вкус)
100 г мелен бисквит
Состојки за полнење:
100 г мелени ореви/бадеми
50 г маргарин
50 г чоколадо/бело

Во третиот дел додајте стопено чоколадо и екстракт од рум, па обликувајте правоаголник. Обликувајте ролат од маргарин, ореви и чоколадо, па ставете го во средината. Сѐ заедно свиткајте и оставете во фрижидер.

4.Ролат со кокос и чоколадо
50-100 г стопено темно чоколадо
1 лажица какао
50 г мелен бисквит
50 мл сок од портокал
Состојки за слој од кокос:
125 г маргарин
125 г шеќер во прав
100 г кокос
50 мл сок

Во четвртиот дел додајте стопено чоколадо, бисквити и какао. Соединете во компактна смеса. Изматете маргарин со шеќер во прав, додајте кокос и сок. Развлечете ги двете смеси помеѓу 2 листа хартија, спојте ги и свиткајте ги во ролат. Оставете во фрижидер.

5.Коцки со портокал
Сок и рендана кора од еден портокал
100 г мелен бисквит
50 г мелени ореви
40 г обоени оризови снегулки
100 г бело чоколадо (за глазура) и 1-2 лажици масло

Во 5.дел додајте сок и кора од 1 портокал, кекси по потреба, ореви и оризови снегулки во боја. Втиснете во плех 15х15 см и прелијте со растопено чоколадо. Изрендајте кора од портокал одозгора и оладете.

6.Топчиња со лешник
100 г стопено темно чоколадо
100 г мелени наполитанки од лешник
100 г мелени лешници
30 г мелени бисквити (по потреба)

Во 6.дел додајте чоколадо, мелени лешници и наполитанки и уште малку кекси по потреба. Обликувајте топчиња и оставете да се оладат и стегнат.

7.Топчиња – зрна кафе
1 лажичка Нес кафе (растворено во 2-3 лажици топла вода)
50 г стопено темно чоколадо
100 г мелен бисквит

Во 7.дел додајте лажичка нес кафе разматена во 2-3 лажици топла вода, растопено чоколадо и кекси. Обликувајте топчиња, малку сплескајте ги за да изгледаат на зрно кафе. Оладете. Растопете 200 г црно чоколадо, натопувајте ги зрната и оставете ги да се стегнат.

Глазури:
200 г темно чоколадо
200 г бело чоколадо
6 лажици масло
2-3 лажици мелени лешници

Преостанатото чоколадо помешајте го со мелени лешници и потопувајте ги преостанатите топчиња. Од оваа количина се добиваат 7 вида колачи со вкупна тежина од 5.8 кг

Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ: