Комбинацијата од јаболка и плазма дава прекрасен празничен колач со кој секој ќе се заслади…Едноставен, евтин десерт за секој ден. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 180 г):

700 г рендани јаболка
2 банани
100 г сечкано суво грозје (натопено)
200 г мелени плазма бисквити
1 лажичка цимет (по желба)
50 мл масло
1/2 прашок за печиво
кора од еден лимон
1 чаша гриз
1 чаша брашно
1 чаша шеќер
3 жолчки
1 чаша јогурт

ПОСТАПКА:

На дното од плех со средна големина посипете сечкани ореви и врз нив распоредете смеса од рендани јаболки, ситно сечкани банани, претходно потопено суво грозје (во сок/рум/вода), па исцедено, плазма и цимет.

Во посебен сад помешајте гриз, брашно и прашок за печиво, па додајте жолчки, рендана кора од лимон, масло и јогурт и сето соединете го во мазна смеса.

Смесата сипете ја врз слојот од јаболка и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени додека да зарумени. оставете да се олади па превртете го. Залијте со чоколадна глазура или посипете со шеќер во прав или декорирајте со шлаг.

Уште повкусен е следниот ден, ако воопшто остане…Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ: