Сѐ заедно в рерна! Лимон коцки со ореви…Колач за сите прослави…
Вкусен, миризлив и обемен колач кој се прави многу брзо. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За 1.слој:
6 жолчки
2 јајца
8 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
2 лажици масло
8 лажици брашно
1 лажичка прашок за печиво
кора и сок од еден лимон
За 2.слој:
250 г мелени ореви
3 лажици шеќер
3 лажици џем од кајсии или по избор
100 мл врело млеко
За 3.слој:
6 белки
8 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
2 лажици масло
8 лажици брашно
1 лажичка прашок за печиво
кора и сок од еден лимон
Шеќер во прав за посипување.
ПОСТАПКА:
Од 6 јајца одвојте ги жолчките и додајте 2 цели јајца, шеќер и ванила, па пенасто изматете додека да добиете густ крем. Додајте масло, брашно, прашок за печиво, кора и сок од лимон, па лесно соединете.
Смесата сипете ја во намастен плех 35х25 см и печете 10 минути во загреана рерна на 180 степени. За тоа време измешајте ги сите состојки за вториот фил и оставете настрана да се олади.
Белките пенасто изматете ги со шеќер и ванила додека да добиете цврст снег. Додајте масло, брашно, прашок за печиво, кора и сок од лимон, па лесно соединете.
Врз првата кора распоредете го филот од ореви, а потоа третата, бела смеса. Вратете да се допече уште 25 минути на 180 степени. Кога колачот ќе подизлади посипете го со шеќер во прав.
За детален начин на подготовка, погледнете го видеото ОВДЕ:
https://youtu.be/VlVa3R5dtnw?si=QmFCTmLda3p06pyl