Торта 12 лажици, брз и вкусен италијански рецепт за сите љубители на меките колачи…

Брзо и лесно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
12 лажици шеќер
8 г ванилин шеќер
1 прстофат сол
12 лажици масло
12 лажици млеко
12 лажици брашно
16 г прашок за печиво

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги јајцата со прстофат сол, шеќер и ванила, додека да станат кремасти. Потоа додајте масло и млеко, па кратко имзтатете за да се соедини.

Додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и на неколку наврати промешајте го во смесата со жица маталка додека да се изедначи, без грутчиња.

Сипете во плех 28х17 см намастен со путер и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути. Кога малку ќе подизлади посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.