Сѐ измешај и испечи…ОРЕВ КОЦКИ со јаболка, плазма, гриз и чоколадо…Додека се свртиш и последното парче некој го изел…
Никогаш не сте подготвиле поедноставен и побрз колач од овој. Не ви треба ни вага, само користете чаша од 200 мл. Пробајте и верувам дека ќе ви стане омилен десерт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3-4 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1/2 чаша масло
1 чаша пченичен гриз
1 чаша мелени ореви
2 чаши рендани јаболка
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
Се пече во загреана рерна на 180с/30-35мин.
За глазура или фил:
1/2 чаша млеко
1/2 чаша шеќер
125 г. маргарин
150 г чоколадо
1 чаша мелена плазма или бисквити по ваш избор
1 чаша мелени ореви
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот, па кога ќе станат кремасти додајте млеко, масло, ванила, прашок за печиво и гриз. Кратко изматете па додајте ги оревите и ренданите јаболка.
Оставете 10 минути да набабри гризот па смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех. Рерната загрејте ја на 180 степени и испечете го колачот. Оставете го да се олади половина час.
Во тенџере сипете млеко, шеќер и путер, па кога ќе се растопи додајте го чоколадото и на крај плазмата и оревите. Соединете и смесата сипете ја преку колачот.
Одозгора сипете мелени ореви и оставете да се олади пред сечење. Постапката погледнете ја ОВДЕ.