НОВА ШАРЛОТКА или ПРЕВРТЕН КОЛАЧ со јаболка што се топи во уста…Ова е еден од оние страински колачи кои можете да ги најдете запишани во тефтерите на нашите мајки и баби. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
За бисквит:
2-3 јајца
1 чаша шеќер
1/2 чаша масло
1 чаша течен јогурт или млеко
1 ванилин шеќер
2 чаши брашно
1 прашок за пециво
И уште:
3 јаболка
3 лажици шеќер
1 лажичка цимет
ПОСТАПКА:
Во широка тава растопете го шеќерот, па кога ќе се карамелизира додајте ги јаболката исечкани на тенки парчиња и мешајте внимателно.
Додајте цимет по вкус и пропжете ги јаболката кратко, колку да ја испуштат аомата. Не заборавајте, ќе се допечат заедно со колачот.
Со жица маталка мешајте ги јајцата со шеќерот и ванилата 2-3 минути. Потоа додајте масло, па јогурт и изедначете. Потоа додајте брашно помешано со прашок за печиво и промешајте да нема грутчиња.
На дното од калап 24 см обложен со хартија за печење распоредете ги јаболката, а одозгора сипете го подготвеното тесто и ставете да се пече 35-40 минути во загреана рерна на 180 степени.
Печениот колач оставете го да се олади 15 минути, па превртете го и отстранете ја хартијата. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ.