Најубавиот колач од детството…Вкусни топчиња со јаболка и ореви кои се спремаат за секаква прослава, но и за секој ден…

Ниедна славска трпеза не е без овие „бомбици“. Тие се многу вкусни, се јадат во еден залак и секогаш се посегнува по уште едно, по уште едно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

7 јаболка со средна големина (по можност сочни)
250 г шеќер
200 г мелени ореви
2 раце сечкани ореви
100 мл масло
250 г пченичен гриз
1 прашок за печиво

Се пече на 180 степени 35 минути.

За валање на топчињата:
100 г мелени ореви

ПОСТАПКА:

Јаболката изрендајте ги и помешајте ги со шеќерот и оставете 10-тина минути. Додајте масло, ореви, гриз и прашок за печиво.

Сето убаво измешајте го, смесата излејте ја во намастен плех и печете во загреана рерна на 180 степени, 35 минути.

Оставете го 10-тина минути покриен со крпа, па потоа промешајте го со крпа без премнугу гмечење. Оставете да се олади. Потоа од смесата обликувајте топчиња и валајте ги во мелени ореви. Постапката погледнете ја ОВДЕ.