Еурокрем чоколаден намаз…Рецепт за 10 минути 1 кг…Едноставно и вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

150 мл вода
300 г шеќер
200 г чоколадо за готвење
2 ванилин шеќер
200 г путер
250 г млеко во прав

ПОСТАПКА:

1.Водата со шеќерот доведете до вриење, па тргнете опд оган и додајте го чоколадото, ванилата и путерот исечкан на коцки./ Мешајте додека сето да се растопи и соедини.

2.Потоа додајте го млекото во прав и изматете со миксер. Почекајте малку да подизлади, па повторно измиксајте и вака уште неколку пати додека да ја добиете потребната конзистенција.

3.Сипете го течниот крем во стаклена тегла и оставете целосно да се олади и да згусне. Постапката погледнете ја ОВДЕ.