ЛЕДЕНИ КОЦКИ – ОСВЕЖИТЕЛЕН ЛЕТЕН КОЛАЧ…Кремаст, се топи во уста…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За бисквит:
7 белки
7 лажици шеќер во прав
7 супени лажици брашно
1 прстофат сол
1 кесичка прашок за печиво (опционо)
120 мл млако млеко
ЗА КРЕМ:
7 жолчки
7 лажици шеќер
5 лажици скроб/нишесте/густин
750 мл млеко
250 г путер или маргарин
За декорација:
2 кесички шлаг
250 мл млеко
ПОСТАПКА:
1.Изматете ги белките со прстофат сол додека да згнетеуснат, па започнете постепено да го додавате шеќерот и матете додека да добиете цврст снег.
Потоа постепено додавајте го просеаното брашно и прашокот за печиво и сè нежно измешајте со шпатула.
Истурете ја смесата во калап 24×24 см претходно намастен и набрашнет, па печете 10 минути во загреана рерна на 175 C.
Испечениот уште топол пандишпан прелијте го со врело млеко и оставете го целосно да го впие млекото. Изладете го бисквитот.
Направете крем од жолчки, шеќер, скроб и млеко. Најпрво пенасто изматете ги жолчките со шеќер и скроб, па измешајте ги со млекото и варете со непрекинато мешање додека да згусне.
Откако кремот целосно ќе се излади, додајте го путерот исечкан на ленти и добро изматете додека да се изедначи целосно. Сипете го кремот врз изладениот бисквит и израмнете.
На крај изматете го шлагот и премачкајте го колачот. Изладете пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.