Сутлијаш со 1 лажица густин…Овој десерт е толку многу вкусен, можам секој ден да го јадам…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 г ориз
500 мл вода
1 литар млеко
10 г ванилин шеќер
100 мл ладна вода
1 лажица скроб/нишесте/густин
цимет
ПОСТАПКА:
1.Измиениот ориз прелијте го со вода и од моментот на зовривање варете го 15 минути со повремено промешување.
2.Кога ќе ја впие водата сипете го млекото и варете го оризот уште 20 минути на умерена температура. Потоа додајте го ванилиниот шеќер и шеќерот (по вкус).
3.Во половина чаша ладна вода растворете полна лажица густин, па сипете во оризот. Варете уште 2 минути со непрекинато мешање.
4.Претурете во десертни чаши и оставете целосно да се олади. Одозгора сипете цимет во прав и послужете добро изладено.
СУТЛИЈАШ СО ПУДИНГ: „Никогаш подобар не сум јадела“ – Оригинален турски рецепт