Овој колач се прави за 5 минути…Јас го правам секој ден, едноставно и вкусно, супер е за со кафе, а и децата го сакаат…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1 јајце
60 г шеќер
8 г ванилин шеќер
1 прстофат сол
60 мл масло
125 г цврст јогурт или кисела павлака
60 мл млеко
150 г брашно
10 г прашок за печиво

И уште:
1 лажица брашно
2 лажици засладено какао
1 полна лажица путер
2 банани

ПОСТАПКА:

1.Изматете го јајцето со шеќер, ванила и сол, а потоа соединете го со маслото, па со јогуртот и млекото. Додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и промешајте да нема грутчиња.

2.Соединете го путерот со брашно и какао, да добиете како трошки. Бананите исечете ги на тркалца. Калапот 25х21 см намастете го и набрашнете го.

3.Сипете го тестото, а одозгора наредете банани и наросете ги трошките од путер и какао.

4.Печете 35 минути во загреана рерна на 180 степени. Кога малку ќе подизлади посипете го со шеќер во прав и послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.