Home зимница Најлесен и најбрз начин да ги спакувате доматите за зима…Без конзерванси и...

Најлесен и најбрз начин да ги спакувате доматите за зима…Без конзерванси и хемија, имаат рок преку 2 години…

Најлесен и најбрз начин да ги спакувате доматите за зима…Без конзерванси и хемија, имаат рок преку 2 години…Еве што ви е потребно според рецептот на Том Филос:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

-домати
-сол

ПОСТАПКА:

1.Доматите убаво измијте ги, па пресечете ги на половина и отстранете им го тврдиот дел од дршката.

2.Сомелете ги во блендер со малку сол по вкус. На една тегла приближно ставете третина или половина лажичка сол.

<

3.Мелениот домат складирајте го во тегли и веднаш цврсто затворете ги со чисти капаци.

4.Теглите наредете ги во плех од рерна, да не се допираат една од друга и ставете ги во ладна рерна. Потоа вклучете ја на 90 степени и оставете ги теглите најмалку 3 часа. Постапката погледнете ја ОВДЕ.