ЕДНОСТАВЕН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ…Брз рецепт со состојки кои ги имате…Се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За бисквит:
5 јајца,
6 лажици шеќер,
6 лажици масло,
6 лажици вода,
6 лажици млеко,
6 лажици брашно,
2 лажици какао во прав,
1 кесичка прашок за печиво (12 г),

За сируп:
250 мл вода,
5 лажици шеќер,

За глазура (по желба, не мора):
500 мл слатка павлака,
300 г чоколадо
*наместо глазура можете да го посиепте со мелени ореви/кокос..

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да добиете кремаста смеса. Потоа постепено додајте го маслото, водата и млекото. Постепено додајте ја просеаната мешавина од суви состојки (брашно, какао и п.п.), мешајте полека со шпатула.

2.Смесата сипете ја во калап 20х30 см претходно намастен со путер и печете 20-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади.

3.Сварете го сирупот ов вода и шеќер (да врие 1 минута), па оставете го да подизлади 10 минути. Оладениот бисквит прелијте го со топлиот сируп.

4.На тивок оган растопете го чоколадото во слатката павлака и оставете 20 минути да се подизлади. Залијте го колачот и оставете го 3 часа во фрижидер пред послужување.