МАГИЧНА ШАМПИТА… 15 минути до СОВРШЕНСТВО…Домашен колач кој сите го сакаат…се топи во уста…Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (За мерење се користи чаша од 150 мл):
За тестото:
8 жолчки
8 лажици шеќер
8 лажици вода
8 лажици брашно
Можете да додадете и 1/2 кафена лажичка лебни трошки
За шам:
8 белки
8 чаши шеќер
1 1/2 чаша вода
ПОСТАПКА:
1.Жолчките изматете ги со шеќерот и водата, па додајте го брашното и измешајте да нема грутчиња. За попенлива структура и повисок пандишпан, изматете ги со миксер, но може и вака, со жица.
2.Смесата од жолчки сипете ја во намастен плех и печете 10 минути во загреана рерна на 160 степени.
3.Сварете сируп од шеќерот и водата: од моментот на зовривање варете уште 5-10 минути. Белките пенасто изматете ги со миксер, па кога ќе згуснат постепено додајте го врелиот сируп.
4.Шамот сипете го врз печениот бисквит и вратете го во рерната да се допече уште 3 минути. Оставете да се олади, па послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.