ХИТ РЕЦЕПТ…ДЕСЕРТ ВО ЧАША ЗА САМО НЕКОЛКУ МИНУТИ…Многу вкусно и освежително со евтини состојки…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За пудинг:
1 чаша шеќер
3 лажици брашно
2 лажици скроб/нишесте/густин
1 литар млеко
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка шлаг крем во прав
1-2 лажици путер, по желба

За сосот од вишни/црвено овошје:
200 г вишни без семки или црвено овошје по желба
5 лажици шеќер
1-2 лажици скроб/нишесте/густин
120 мл вода
и уште: мелена плазма по 1-2 лажици за дното на секоја чаша

ПОСТАПКА:

1.Сите наведени состојки за пудинг сипете ги во тенџере и измешајте да нема грутчиња. Загревајте на умерен оган со непрекинато мешање додека да згусне.

2.Во сварениот крем додека е топол додајте го путерот, ванилата и прашокот од една кесичка шлаг крем со вкус на ванила. Изматете со миксер и соединете.

3.За сос: сите потребни состојки измешајте ги и ставете ги на умерен оган. Мешајте додека да се свари и малку да згусне.

4.На дното од чашите сипете малку мелена плазна, па наполнете ги до половина со кремот, а на крај дополнете со овошниот сос.

5.Оставете да се олади во фрижидер 3-4 часа пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=RIOGmKuUESo