БЕЗ ПЕЧЕЊЕ И БЕЗ ГОТВЕЊЕ…За овој овошен колач не ви треба шпорет, а готов е за 15 минути…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1. фил:
400 мл кисела павлака 20% мм
4-5 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер

2. фил:
250 г шлаг пена
350 мл газирана вода или според упатството
70-100 г чоколадо по избор

и уште:
250-315 г пишкоти (2.5-3 пакувања)
250 мл сок за натопување на пишкотите
200-250 г овошје по избор
300 г банани (1 голема или 2 мали)
1 лажица плазма за посипување

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад со лажица помешајте кисела павлака со шеќер и ванила. Шлагот изматете со газирана вода или според упатството на кесичката и извадете 1/3 настрана. Во остатокот помешајте рендано чоколадо.

2.На дното од калапот наредете еден слој пишкоти кратко натопени во сок. Премачкјате половина од првиот фил (кисела павлака), па наредете овошје по избор.

3.Одозгора премачкјате половина пд шлагот со чоколадо, па втор ред пишкоти натопени во сок. Премачкјате со остатокот од првиот фил, а врз него наредете сечкана банана.

4.Врз бананата распоредете го остатокот од шлагот со чоколадо и завршете со онаа 1/3 од шлагот што го тргнавте настрана на почетокот.

5.Декорирајте по желба или посипете една лажица мелена плазма. Оладете 5-6 часа пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.