„Шубари“ или „руски капи“ со јафа кекси…Најбрз рецепт за овие колачи, готови за 15 минути…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 г јафа кекси (2 пакувања)
2 лажици шеќер
1 кесичка пудинг од ванила 40 г
200 мл млеко
80 г путер или маргарин
50 г кокос или
50 г чоколадо во прав

ПОСТАПКА:

1.Сварете го пудингот со шеќерот и млекото додека да згусне, па оставете да се олади. Додајте го путерот и заедно измиксајте ги за да добиете нежен крем.

2.Филувајте по две јафа кекси, така што чоколадната страна да биде од надворешна страна. Израмнете од страните и валајте во кокос или чоколадо во прав.

3.Оставете ги во фрижидер преку цела ноќ. Постапката погледнете ја ОВДЕ.