Десерт за 5 минути…Се топи во уста, многу вкусен колач…Сите се воодушевени…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 готово лиснато тесто
1-2 лажици млеко за премачкување на тестото
8 г ванилин шеќер (1 кесичка)
1 жолчка + 1 лажичка млеко
1 рака бадемови снегулки

За фил:
200 мл слатка павлака
125 г маскарпоне или друго свежо крем сирење
3 лажици шеќер во прав
2 лажици растопено чоколадо или нутела
чоколадни трошки и шеќер во прав за декорација

ПОСТАПКА:

1.Отворете го лиснатото тесто и премачкјате го со млеко. Одозгора посипете ванилин шеќер и исечете 12 квадрати.

2.Секој квадрат превиткајте го на половина дијаголнално, да добиете триаголници. Одозгора премачкјате ги со жолчка помешано со малку млеко.

3.Посипете бадемови снегулки и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 20-тина минути.

4.Изматете ја слатката павлака и кога ќе се формира додајте го крем сирењето со шеќерот во прав. Изедначете па додајте го чоколадото и повторно кратко изматете.

5.Печените триаголници малку засечете ги, полнете ги со крем, посипете ги со малку чоколадни трошки, а одозгора посипете ги со шеќер во прав.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.