ПРАЗНИЧЕН КОЛАЧ СО СУВО ОВОШЈЕ…Едноставен и декоративен, а многу вкусен и мирисен…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

260 г брашно
1 прстофат сол
12 г прашок за печиво (1 кесичка)
3 јајца
225 г шеќер
120 мл масло
240 мл млеко
1 супена лажица ванилин екстракт

И УШТЕ:
1 јаболко
рендана кора од лимон
сок од 1/2 лимон
50 г суво грозје (жолто и кафеаво)
50 г шарено кандирано овошје
30 г крупно сечкани ореви
1 лажица скроб/нишесте/густин

ЗА БЕЛА ГЛАЗУРА:
100 г шеќер во прав
2-3 лажици млеко (по потреба)
мешавина од јатки и кандирано овошје за декорација

ПОСТАПКА:

1.Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Во брашното додајте прстофат сол и прашок за печиво. Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со постепено додавање на шеќерот. Потоа додајте масло, млеко и ванила, па изедначете.

2.Во течните состојки постепено додајте го брашното. Изедначете да нема грутчиња, но смесата да остане пенлива. Обложете или намастете и набрашнете калап со димензии 29х12 см и висина од 6 см.

3.Јаболката исечкјате ги на парчиња помали од залак, додајте рендана кора од лимон и сок од половина лимон. Додајте сечкани ореви, суво грозје и сечкано кандирано овошје. Додајте лажица скроб и промешајте.

4.РЕДЕЊЕ: третина тесто, половина од овошната мешавина, третина тесто, половина овошна мешавина и завршете со тесто. Ставете да се пече во добро загреана рерна на 180 степени околу 40-45 миинути.

5.Колачот оставете да се олади, па прелијте го со белата глазура (помешајте шеќер во прав со малку млеко за да добиете густа аморфна смеса) и декорирајте со сечкано кандорано овошје.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.