СЛАДОЛЕД ОД 3 СОСТОЈКИ…Ако имате рачен блендер, не пропуштајте го овој рецепт и направете си вкусен и освежителен десерт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 сад замрзнати црни дудинки (180 г)
400 мл крем (слатка павлака)
Околу 2 чаши од 200 мл шеќер (можете да намалите, по ваш вкус)

ПОСТАПКА:

1.Најпрво замрзнатите црни дудинки извадете ги од замрзнувачот, почекајте 5 минути, потоа ставете ги во процесор за храна, додајте шеќер и сомелете ги додека да добијат конзистентност на пире.

2.Наместо црна дудинка, можете да користите и капина или малина. Овошјето мора да биде замрзнато за да ја добие потребната конзистентност.

3.Овошното пире префрлете го во сад во кој ќе можете да го изматите. Додајте го ладниот крем и изматете го со рачен блендер додека да се изедначи. Бидејќи овошјето малку ќе се отпушти, смесата нема да биде премногу густа.

4.Затворете со капак и оставете го во замрзнувач Вадете го од замрзнувачот во интервали од 1 – 1,5 часа, измешајте го со блендер 1 – 2 минути и повторно вратете го во замрзнувач.

5.Овој процесповторете го 3 пати. На крај смесата ќе добие убава густа и мазна конзистентност.

Потоа можете да го претурите во друг сад или да го оставите во истиот и да го чувате во замрзнувач најмалку 7 – 8 часа пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.