Брз и лесен рецепт за колачи без печење, без јајца, без кондензирано млеко… Се топат во уста, а можат да бидат и посни…

Овој рецепт ги комбинира неодоливите вкусови на печени кикирики, бисквити, какао во прав, путер и чоколадо за да создаде прекрасно уживање што се топи во устата. Плус, неверојатно лесно се прави и нема потреба од печење, јајца или кондензирано млеко.

Ако ги подготвувате во посна варијатна, одберете посни бисквити и чоколадо, а наместо путер одберете маргарин. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г печени кикирики
200 г бисквити
2 лажици какао во прав
1 лажица путер (омекнат)
350 г темно чоколадо (55%)
Dulce de leche (намаз од карамела) – по желба
30 г млечно или бело чоколадо (за декорација)

ПОСТАПКА:

1.Сомелете ги кирикирите. Додајте какао и омекнат путер, па добро соединете со рака.

2.Растопете го чоколадото и додајте го во смесата. Добро соединете и смесата распоредете ја на неколку (3-4) најлон-фолии како долгнавест правоаголник (за 3-4 ролати).

3.Во средината распоредете карамел-крем или нешто по ваш избор (може крем банани, желе бонбони и сл.), па со подигање на двете страни спојте го како ролат.

4.Ролатот оставете го во замрзнувач 1 час, а потоа декорирајте го со растопено чоколадо.

5.Оставете да се стегне глазурата, па ролатите исечете ги на парчиња и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.