Кој може да им одолее на ОВИЕ КОЛАЧИ СО ГРИЗ КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТА? Се прават за 5 а се печат за 10 минути! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
125 г шеќер
125 мл масло
125 г кисела павлака/цврст јогурт
1 лажица џем
ситно рендана кора од лимон
1 прстофат сол
450 г гриз (или дурум брашно)
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
200 г шеќер во прав за валање
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад со жица изматете ги јајцата, шеќерот, маслото, јогуртот, џемот и прстофат сол.
2.Кога ќе се изедначи смесата додајте ја ситно ренданата кора од лимон и започнете постепено да го додавате гризот.
3.Кога ќе се формира густо тесто додајте го прашокот за печиво и замесете со рака за да се изедначи убаво.
4.Тестото покријте го и оставете го да одмори 5 минути.
5.Кинете топчиња од тестото, валајте ги во шеќер во прав и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
6.Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, 10-15 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.