ОВА Е ХИТ КОЛАЧ ВО ГЕРМАНИЈА: 2 јаболка, 3 јајца и брашно, измати и испечи…сите го прават! Брз и многу вкусен десерт за секој ден…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (калап 27х18 см):
2 јаболка
60 г путер
90 г шеќер
3 јајца
120 г шеќер
300 г брашно
15 г прашок за печиво
200 мл млеко
ПОСТАПКА:
Путерот и шеќерот растопете ги на умерена темепартура, па додајте ги ситно сечканите јаболка (на тенки плочки). Пржете ги 10 минути на умерено средна температура со повремено промешување.
Јајцата изматете ги со шеќерот, па додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и сето изедначете го со млекото. треба да добиете мазно, хомогено, полутечно тесто.
Додајте ги испржените и оладени јаболка, па промешајте.
Смесата сипете ја во плех со флексибилен обрач намастен со путер. Распоредете и израмнете.
Печете во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.
Оставете да подизлади, па отстранете го обрачот и хартијата, а по желба, одозгора наросете шеќер во прав и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.