Кој витамин што прави во вашето тело: Запаметете ја оваа слика и нема да имате дилема
Витамините и минералите се неопходни за правилно функционирање на организмот, тие извршуваат стотици улоги во нашето тело.
Понекогаш вашето тело исто така ви кажува дека му недостасуваат одредени витамини и минерали преку симптоми кои можат да бидат загрижувачки.
Меѓутоа, пред да натрупате корпа полна со суплементи од аптеката и да потрошите еден тон пари и, уште полошо, треба да се дисциплинирате себеси за да ги земате правилно по шема; да знаете кој во кое време се зема; кој со кој не си одговатаат да се земаат истовремено….
Треба да знаете дека најпаметното нешто што можете да го направите е да ги земате на природна база преку храната и барем да ги научите основите, односно „она што тие всушност го прават за нашето тело“.
Следната графика го покажува токму тоа – кои витамини му помагаат на системот каде и преку која храна ќе ги обезбедите. Па, обидете се да го запаметите.
МОЗОК И МЕМОРИЈА: Б6, Б12, Фолна киселина. Намирници: авокадо, семки, брокула, боровинки, семиња
ОЧИ И ВИД: А, Ц, Е, Лутеин, Цинк. Намирници: портокал, бобесто овошје, темнолистест зеленчук, морков, семки
ДИГЕСТИВЕН СИСТЕМ И ДЕТОКС: А, Б1, Б3, Б6, Б7, Б12, Ц, Д. Намирници: банани, лимони, темнолистетс зеленчук, ротквици, јаболка
СРЦЕ И КРВ: Б-комплекс, Д, К, Омега 3, CoQ10. Намирници: портокали, лук, пиперки, банана, лубеница
РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ: Б6, Б12, Фолна киселина. Намирници: авокадо, бобесто овошје, ѓумбир, смокви, грав
МУСКУЛЕН СИСТЕМ: Б-комплекс, Ц, Д, Е, Омега 3. Намирници: авокадо, рукола, брокула, портокал, морков
КОСКИ И ЗГЛОБОВИ: Д, К2, Калциум, Магнезиум. Намирници: рукола, грав, темнолистетс зеленчук, брокула, семки
ОСЛОБОДУВАЊЕ ЕНЕРГИЈА: Б12, Магнезиум, CoQ10. Намирници: авокадо, брокула, ѓумбир, рукола, гоџи бобинки
Повеќе за витамините и минералите можете да прочитате ОВДЕ (анг.ј.)