Сите што ги пробаа беа воодушевени од овие колачи. Комбинацијата од кора од белки со сечкани ореви и вишни, готвен крем од жолчки и обланди помеѓу, е навистина добитна комбинација!

Вреди да си го запишете рецептот на Линда. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

6 белки
6 лажици шеќер
1 чаша сечкани ореви (од 200 мл)
1 чаша вишни (од 200 мл)
5 лажици брашно

ЗА КРЕМ:

6 жолчки
9 лажици шеќер
300 мл млеко
3 лажици брашно
250 г путер/маргарин
2 листови обланда

ПОСТАПКА:

За кора: изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег. Потоа рачно мешајте со лажица и додајте го брашното, оревите и вишните.

Смесата испечете ја во плех 20х30 см обложен со хартија и малку намастен во претходно загреана рерна на 180 степени додека малку да ја промени бојата, но внимавајте да не го препечете.

За крем: сварете го млекото со шеќер, брашно и жолчките додека да се згусне (како за пудинг). Кога ќе излади додајте пенасто изматен путер кој претходно сте го исекле на коцки и омекнал на истата собна температура како и кремот од жолчки.

Ставете половина од кремот врз првата обланда која сте ја искроиле според величината на плехот.

Врз кремот ставете ја кората, па повторно вториот дел од кремот и втората обланда. Стиснете одозгора за убаво сето да се спои и оставете во фрижидер да излади. Рецепт на Линда / Сооlinarika.сom