Кога станува збор за лекување на респираторни проблеми, му нема рамен. Кимот е диво растение, а пред сè им припаѓа на зачинските билки.

Египќаните биле првите кои сфатиле колку е моќно семето од црн ким и ги користеле за да направат лековито масло.

Источните народи велеле дека црниот ким лекува сè, сите болести, освен смртта. Кимот содржи есенцијални масла, неколку видови на масни киселини и витамин Ц.

Според истражувањата, црниот ким може успешно да уништи или ублажи 600 различни болести и состојби. За третман, можете да користите масло, да направите чај или да го додавате семето од ким во салати или јадења.

Кимот има аналгетски, антибактериски, антиинфламаторни и антивирусни својства.

Благодарение на својот состав, успешно го обновува црниот дроб, ги исфрла токсините, ја подобрува функцијата на бубрезите, го регулира крвниот притисок и го држи холестеролот под контрола.

Кимот го подобрува апетитот, го олеснува варењето, надуеноста и помага при грчеви во стомакот. Докажано е дека позитивно влијае на дијабетесот и го намалува шеќерот во крвта.

Позитивен ефект е забележан и кај пациенти со рак. Поради неговото силно антиоксидативно дејство врз имунитетот, тој е особено ефикасен кај луѓето кои примаат хемотерапија бидејќи го забрзува закрепнувањето помеѓу хемотерапијата и го подобрува ефектот.

Црниот ким, исто така, има силно влијание врз обновувањето на ткивото на белите дробови, чистење на дишните патишта и подобрување на функциите на белите дробови.

Чај од црн ким против бронхитис и кашлица

Измешајте една голема лажица црн ким, една мала лажица камилица и половина мала лажица анасон во една чаша топла вода. Оставете да отстои 10 минути, процедете, засладете со мед и пијте неколку пати на ден.

Сируп за астма

Измешајте една мала лажица мелен црн ким, две мелени чешниња лук и две лажици мед. Земајте по една мала лажица од сирупот секое утро на празен стомак три недели.

Пред употреба на препарати од народната медицина секој треба да се советува со својот лекар. Прочитајте: „Природен лек од црн ким и лимон, ги лечи сите болести, а рецептот го добив од ирански доктор“ – ОВДЕ.