КОЛАЧИ ЗА ИЗНЕНАДНИ ГОСТИ…БРЗО СЕ ПРАВАТ А СИТЕ СЕ ВООДУШЕВЕНИ…Сите ги сакаме овие колачиња. Тие се толку лесни за правење, а резултатот е многу декоративни и вкусни закуски. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 мл вода
150 г шеќер
200 г путер или маргарин
200 г млеко во прав
200 г кокос
4 лажици мелени бисквити
1 лажица какао
100 г бело чоколадо
100 г темно чоколадо
хартија за печење или фолија
ПОСТАПКА:
Сварете ги во едно течере шеќерот, водата и путерот. Штом се растопат состојките и зоврие (не треба да врие за да не испари водата) тргнете го тенџерето од оган и брзо вмешајте го млекото во прав и кокосот.
Додајте мелени бисквити и добро измешајте (можете и со рака), па тестото поделете го на два дела. Во едното ставете какао и 100 г стопено темно чоколадо, а во другото 100 г стопено бело чоколадо.
Оставете ги смесите да се изладат (не да се стегнат), па со помош на оклагија развлечете го белиот дел врз хартијата за печење, а на друго парче хартија развлечете го темниот дел. Потоа преклопете го тестото едно врз друго.
Поминете со оклагијата врз нив за да се спојат парчињата. Исечете ленти широки околу 1 см, па секоја со прстите фатете ја за двата краја и свиткајте ги неколку пати во обратна насока за да се обликуваат спирали и да се направат шари. Потоа пак заролајте ги како стапчиња.
Сечете помали парчиња и валајте ги во кокос. Оставете ги колачите во фрижидер да се стегнат. На здравје сладење! Деталите од презентацијата на Ивана можете да ги погледнете ОВДЕ.