Брзи вкусни ситни колачи со мелени бисквити за Божиќ и празници! Без рерна и без кондензирано млеко! Се топат во уста! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

150 г бисквити по извор или чајни бисквитни колачи, крупно мелени
1 чаша излупени ф’стаци (125 г) крупно мелени
1/2 чаша кандирана брусница (60 г)
250+200 г бело чоколадо
1/2 чаша слатка павлака (100 мл)
јадливи ливчиња од роза (по избор)/зрна од калинка/листови од мента….за декорација

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги мелените бисквити и мелените фстаци (тргнете две лажици настрана за декорација), па додајте ја сувата брусница и промешајте.

Половина чаша (100 мл) слатка павлака загрејте до пред зовривање и прелијте го ситно сечканото бело чоколадо (250 г). Мешајте додека сето да се растопи и соедини со павлаката.

Сипете ја смесата во мешавината од бисквити и добро промешајте, а најдобро е да ја измесите со рака.

Истурете ја во помал калап со димензии 28х18 см, обложен со хартија за печење. Рамномерно распоредете ја со дланката одозгора притиснете за убаво да се израмни и стегне без празнини.

Покријте го колачот одозгора со фолија и оставете го во фрижидер 30 минути за да се стегне.

Белото чоколадо (200 г) растопете го во микробранова печка, сочувајте 2-3 лажици за декорација и прелијте го колачот.

Распоредете ја глазурата и вратете го колачот во фрижидер уште 20 минути.

Потоа декорирајте и оставете да се стегне во фрижидер уште половина час. Потоа сечете го на мали штанглички, коцки, или облици по ваша желба. Деталите од презентацијата погледнете ги ОВДЕ.