НОВОГОДИШНА САЛАТА ЛАМПИОН со пилешко и цвекло: Многу вкусна и декоративна – кралица на трпезата! Оваа година направете ја новогодишната салата во форма на украс на елка. Главните состојки се пилешко и цвекло.
За Нова година или за Божиќ секоја домаќинка се труди да ги подготви најубавите и највкусните јадења. Предјадењата, кои вклучуваат салати, најмногу ги воодушевуваат домаќинствата и гостите, па затоа добиваат најмногу внимание.
Додека ги подготвувате новогодишните салати, можете да бидете многу креативни, а наш предлог денес е да направите салата во форма на лампион. Оваа новогодишна салата изгледа прекрасно, а комбинацијата на состојки е непогрешлива. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 пилешко филе, сварено
2 моркови варени
3 јајца варени
100 г сливи (хидрирани во топла вода, 10 мин)
100 г кашкавал
2 мали главици цвекло, варени или маринирани
мајонез по потреба
За декорација: парче кромид, свеж власец или зелениот дел од младиот кромид
ПОСТАПКА:
Потопете ги сливите со топла вода и оставете ги 10 минути. Сварете го белото месо, морковите и јајцата. Кога белото месо ќе се излади, исечете го на ситни коцки или изрендајте го. Земете декоративна голема чинија и намачкајте мајонез во форма на круг.
Одозгора наредете го белото месо, па повторно прелијте еден тенок слој мајонез. Одозгора изрендајте ги жолчките и наредете ги сечканите суви сливи кои претходно сте ги процедиле.
Премачкајте тенок слој мајонез, па изрендајте го морковот и повторно премачкајте со мајонез. Изрендајте го кашкавалот и целата површина од салатата убаво премачкајте ја со мајонез.
При редењето на слоевите обидете се на салатата да и дадете форма на полутопка. Цвеклото сварете го, па изрендајте го, како и белките, во различни садови.
Со чепкалка исцртајте линии со иста дебелина на полутопката и посипете една преку друга лента со цвекло, а лентите помеѓу нив со рендана белка од јајце.
Направете дел за закачување украси од парче кромид и перце од зелениот дел на млад кромид и готова е новогодишната салата со пилешко. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.