ВАНИЛИЦИ СО ЧОКОЛАДО И КОКОС: Апсолутен погодок на секоја празнична трпеза…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

170 г шеќер
200 мл млеко
175 г путер
50 г скроб
1 жолчка од јајце
1 кесичка ванила
1/2 кесичка прашок за печиво
300 г брашно

И уште:
100 мл слатка павлака
60 г чоколадо
1 шолја кокос
1 белка од јајце

ПОСТАПКА:

Најпрво загрејте ја слатката павлака речиси до зовривање (да не зоврие), па додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека тоа да се растопи. Оставете настрана да се лади и да се стегне.

ТЕСТО: Во еден сад добро измешајте ги путерот (омекнат на собна температура) и шеќерот, па додајте ја жолчката, скробот, ванилата, прашокот за пеќиво и прелијте го млекото. Добро измешајте ги состојките со рацете.

На крајот постепено додајте го просеаното брашно и замесете меко и мазно тесто. Кинете помали парчиња и обликувајте ги во топчиња, па наредете ги во плех.

Секое топче прво потопете го во белка, а потоа во кокос. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

Сите топчиња тесто лесно притиснете ги со дното на една чаша за да добијат облик на дискови, но не ги сплескувајте премногу.

Ставете да се печат во загреана рерна на 180°C околу 15-20 минути. печените колачиња оставете ги да се оладат.

Спојувајте по две колачиња со чоколадниот ганаш и оставете ги да се стегнат во фрижидер.

По желба можете да ги посипете со шеќер во прав. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.