Само 12-15 минути во рерната и тие се готови! Одлични колачиња за секој ден, но и за рачни свечени пригоди. Децата ги обожаваат, но и ние возрасните. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Рецепт 1:
200 г путер омекнат на собна температура
1/2 чаша шеќер (чаша од 250 мл)
2 1/3 чаша сенаменско брашно (+ 1/2 лажичка прашок за печиво)
1 лажичка екстракт од ванила
2 лажици какао во прав

Рецепт 2:
300 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
100 г мешан мед
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка лимонов шеќер
1 прстофат сол
200 г путер (ладен)
1 жолчка од јајце (големина М)
И уште:
3 лажици какао за колачиња (просеано)
За премачкување:
малку вода

Рецепт 3
220 г несолен путер, омекнат
3/4 чаша (од 250 мл) шеќер
1/2 чаша шеќер во прав
1/2 лажичка сол
2 големи жолчки
2 лажички екстракт од ванила
2 1/4 чаши сенаменско брашно (1/2 кесичка прашок за печиво)
30 г полуслатка чоколада, стопена
2 лажици какао во прав

ПОСТАПКА ЗА РЕЦЕПТ 1: Пенасто изматете го путерот со шеќерот додека да стане кремаст, па додајте го брашното. Месете додека целосно да се соедини. На почетокот ќе биде ронливо, но потоа ќе стане компактно.

Истресете го на работна површина и домесете го додека да се измазни. Поделете го на половина.

Во едното тесто ставете ванила и измешајте, а во другото какао и повторно измесете. Секое парче поделете го на половина, така што ќе добиете 4 делови. По желба можете да правите и со повеќе делови.

Секое парче развлечете го во долгнавест валјак, а потоа обликувајте го четириаглест квадар.

Наредете ги едно до друго со шема на шах (бело до црно и контра одозгора). Завиткајте го во пластична фолија и оставете во фрижидер да се стегне половина час.

Потоа сечете тенки парчиња и редете ги во плех обложен со хартија, и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, 8-10 минути.

Кога ќе забележите дека белиот дел започнал малку да заруменува, готови се и изладете ги. Оставете да се оладат 2-3 минути, па извадете ги од плехот.

ПОСТАПКА РЕЦЕПТ 2: Брашното измешајте го со прашокот за печиво и просејте го на работната површина. Додајте ги останатите состојки една по една и со раце замесете тесто. Поделете го на половина.

Додајте какао во половина од тестото и замесете го. Тестото завиткајте го во фолија за да остане свежо и ставете го на ладно околу 40 минути.

Шема на полжав

1 начин: Светлото и темното тесто лесно развлечете го на работната површина во правоаголник. Преку цела површина тестата премачкајте ги со вода, ставете ги едно врз друго и свиткајте ги во ролат.

2 начин: Од темното тесто на набрашнета работна површина направете валјак. Премачкјате го со вода и завиткајте го со светлото тесто.

Шема на шах

Светлото и темно тесто развлечете ги на набрашнета работна површина со дебелина од приближно 1,5 см, премачкајте ги со вода и исечете ги на ленти со остар нож. Развлечете тенок лист тесто и на него наредете ги лентите како шаховска табла. Завиткајте ја шаховската табла со листот тесто.

Така добиените примероци оставете ги да стојат на ладно околу 40 минути за да не се деформираат при сечењето. Примероците исечете ги со остар нож на парчиња со дебелина од околу 2 мм и ставете ги на подмачкан плех. Печете ги во загреана рерна.

Електрична рерна околу 190 °C
Рерна со топол воздух околу 170 °C
Ниво на рерната: средина на рерната

Ако сакате црно-белите бисквити да бидат крцкави, премачкајте ги парчињата тесто со белка пред да ги исечете и валкајте ги во обичен кристелен шеќер.

ПОСТАПКА РЕЦЕПТ 3: Пенасто изматете го путерот заедно со шеќерот, шеќерот во прав и солта. Матете со средно-висока брзина додека да стане смесата кремаста, околу 3 минути.

Додајте ги жолчките и ванилата и матете додека да се соединат. На мала брзина (со продолжетоци за тесто, или замесете рачно), додајте го брашното и измешајте додека не се изедначи.

Половина од тестото извадете го од садот за матење и оставете го настрана. На преостанатата половина додајте го растопеното чоколадо и какаото во прав. Мешајте со мала брзина додека целосно да се соедини.

Ставете ги двете теста на работна поврпина и обликувајте го секое во правоаголник од 23х5 см, дебели околу 2.5 см. Обликувајте квадратни валјаци-трупци и цврсто завиткајте ги во пластична фолија и оладете ги во фрижидер, најмалку 2 часа (мах до 3 дена).

Кога сте подготвени за печење, ставете ги решетките во рерната во горната и долната-средна положба и загрејте ја рерната на 170 степени Ц (или 325 степени Ф). Обложете два плеха со хартија за печење.

Исечете ги изладените „трупци“ на половина по должина, и намесете ги со спротивна боја за да создадете шема на шах. Притиснете нежно за повторно да се залепат половините.

Исечете го тестото на квадрати со дебелина од приближно 7 мм и ставете ги врз листовите за печење, на соодветно растојание. Печете додека рабовите да добијат светло златна боја, околу 12-15 минути.

Извадете ги од рерна, оставете ги колачињата да се изладат околу 5 минути пред да ги извадите на решетка за целосно да се изладат.