Кикирики штангли…Лесни за правење…Многу, многу вкусни…Еве што ви е потребно според рецептот на Анријана:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
250 г шеќер
250 г маргарин/путер
100 г чоколадо
400 г мелени бисквити
300 г кикирики
1 голем лист обланда

За глазура растопете:
100 грама чоколадо
2 лажици масло

ПОСТАПКА:

Обландата скратете ја по ширина за 4 полиња за да не излезат штанглите претенки. Јајцата и шеќерот пенасто изматете ги, па ставете ги на водена бања или на најниска температура и гответе ги додека смесата да згусне.

Додајте маргарин/путер исечкан на коцки, како и искршено чоколадо, па мешајте додека сето да се соедини.

Кога сè ќе се растопи, тргнете го садот од оган и веднаш додајте ги мелените бисквити и групно мелените кикирики. Добро измешајте и сипете врз обландата. Распоредете и израмнете.

Кога ќе се излади, прелијте го со чоколадна глазура. Рецепт на Анријана / Сооlinarika.сom.