Сања Вучиќ, пејачка и поранешна членка на групата „Ураган“, откри како од психијатар дознала дека има здравствен проблем.
Откако мислела дека е во депреcија, Сања Вучиќ, пејачка и поранешна членка на групата „Ураган“, побарала помош од психијатар. Немала поим дека ќе дознае дека има здравствен проблем кој погодува повеќе од 200 милиони луѓе ширум светот.
Најголем проблем е што луѓето не ги чувствуваат симптомите, а пејачката признава дека ниту таа не ги препознала и истовремено апелирала луѓето редовно да го проверуваат своето здравје.
Отидов на псиxијатар и помислив дека тоа е некоја форма на депреcија, што на крајот докторот ја дијагностицираше“, изјави на почетокот Сања Вучиќ за телевизијата Уна, откривајќи дека и била дијагностицирана погрешна болест.
„Тоа, се разбира, не беше точно. Таа ми препиша антидепресиви, кои, се разбира, не ги земав“.
Сања има нарушување на тироидната жлезда, а лекарите проценуваат дека повеќе од 60 отсто од луѓето немаат добиено дијагноза.
Секој треба да внимава на честите промени на расположението, зголемување на телесната тежина без причина, замор, потење, забрзано чукање на срцето, несоница. Ова може да бидат знаци за кои треба да посетите лекар.
Сања не ги припиша овие симптоми на Хашимотоовиот синдром. „Ова е причината зошто секогаш на интервјуата сакам да го спомнувам мојот проблем со тироидната жлезда, бидејќи во тој период не можев да ги препознаам моите симптоми.
Не ни знаев дека постои ваква болест. Жените знаат како да се дијагностицираат себеси.
ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА ДА ВИ РАБОТИ КАКО ЧАСОВНИК: Со ОВА нејзината работа се става под контрола
Квалитетот на животот ќе им биде многу подобар, само ако отидат и извадат крв, да проверат антитела и витамин Д“, заклучи Вучиќ, која еднаш објасни како се чувствува.
„Не се чувствував добро и не знаев што не е во ред со мене. Чувствував хроничен замор, бев раздразлива, нерасположена, немав енергија. Затоа отидов на психијатар и ми даде антидепресиви.
Мислев дека можеби имам проблем со хормоните, па отидов и на гинеколог. Докторката се посомневала дека е на Хашимото, бидејќи таа самата ја има болеста“, опишала Сања и додала:
КОГА СЕ ПИЕ ВИТАМИН Д, НАУТРО ИЛИ НАВЕЧЕР: Лекарите имаат важен совет
„Ми рекоа дека најверојатно ќе пијам лекови до крајот на животот. Ми беше тешко, па се случувше да не можам да станам од кревет и постојано да плачам. Кожата ми беше сува, а исто така забележав дека многу се дебелеам, како и дека тешко слабеам.
Бев навистина исплашена. Мислев дека целиот свет ми се сруши кога сфатив дека сум болна и дека сум зависна од еден лек. Тешко го прифатив сето тоа, но со текот на времето се навикнав“, додала тогаш таа.