Во целост ќе ви ги откриеме двата најдобри рецепти од народната медицина кои се покажале како ефикасни за работата на штитната жлезда или тироидеа. Тироидната жлезда е ендокрина жлезда и се наоѓа во предниот долен дел на нашиот врат.

Неговата функција е производство на тироидни хормони кои се ослободуваат во крвта и се пренесуваат во сите телесни ткива.

Нарушената функција на тироидната жлезда доведува до многу различни здравствени проблеми како што се замор, немир, зголемување на телесната тежина, губење на тежината и друго, во зависност од тоа дали произведува повеќе или помалку хормони од потребното..

Во зависност од конкретниот проблем, знаците на нарушувања на тироидната жлезда може да варираат и постепено да се развиваат. Сепак, жените се поподложни на проблеми со тироидната жлезда за разлика од мажите и тоа може да доведе до проблеми со менструалниот циклус, проблеми во текот на бременоста и тешкотии при зачнувањето.

Ова се некои од најчестите симптоми за недоволна активност на тироидната жлезда: сува кожа, рапав глас или необично чувство во вратот, хипертензија, болки во екстремитетите и мускулите, високо ниво на холестерол, промени во апетитот, исцрпеност, проретчување на косата

Проблемите со тироидната жлезда се резултат на недостаток на јод. Згора на тоа, хипотироидизмот е исто така поврзан со недостаток на селен, а доволни количини од него го намалуваат ризикот од отекување на тироидната жлезда или гушавост.

Со овој народен лек можете да го регулирате нивото на потребните елементи за здрава функција на тироидната жлезда, но со претходна консултација на својот лекар. Препаратите од народната медицина не треба да се земаат на своја рака туку со претходно советување на лекарот:

Оваа мешавина кај повеќето случаи успешно ги третира миомите и цистите на матката и ги решава проблемите со тироидната жлезда. Има детоксикативно дејство, поради што се препорачува по неумереност во јадењето и пиењето. Измешана со топла вода, мешавината од чувар куќа и мед ја намалува температурата.

Како да користите смесата од чувар куќа и мед:

Сомелете 750 гр листови меснати листови од чувар куќа и измешајте ги со килограм мед. Ако оваа количина ви е голема, соодветно намалете ја количината. По желба, во смесата можете да додадете и неколку тркалца лимон.

Се зема по една лажица наутро на празен стомак и една до две лажици во текот на денот. Можете исто така да го приготвите и рецептот со зелени ореви и мед: Ќе ви бидат потребни 40 млади ореви и еден килограм мед.

Еве како да ја подготвите оваа комбинација:

Измијте ги оревите, исушете ги, избоцкајте ги или пресечете ги на половина, па ставете ги во тегла. Додајте го медот и поклопете со густа, двојна газа. Оставете на топло место да отстои 40 дена за да се отпушти јодот од оревчињата.

Amanda Slater / Flickr.com

После тоа, процедете и складирајте ја течноста во стаклен сад. Се зема по една кафена лажичка од овој лек секое утро, на празен стомак.
Направете си сами еден од овие два рецепти и во секој случај редовно посетувајте го вашиот лекар.