Потребни состојки за една кора, (а потребни се две):

10 белки

1 прстофат сол

100 г (10 лажици) шеќер

200 г (14 лажици) мелени ореви

2 лажици брашно

2 жолчки

за фил:

16 жолчки

180 г шеќер

1 лажичка арома ванила

100 г млеко во прав

100 мл млеко

375 г путер/маргарин

100 г мелени печени ореви (за фил 1)

100 г растопено чоколадо за готвење (за фил 2)

1 лажичка нес кафе + 1 лажичка врела вода (за фил 3)

за Декорација:

5 кесички шлаг (200 г)

350 мл млеко

1 лажичка нес кафе + 1 лажичка врела вода (по желба)

Постапка:

Значи правиме две кори (од вкуспно 20 јајца) во големиот плех од рерна, па двете кори се пресекуваат на половина така што се добиваат вкуспно 4. Па, да започнеме.

За првата кора: одвојте 10 белки од жолчките, а 2 жолчки веднаш одвојте ги во помал сад, а преостанатите 8 ставете ги во поголем сад во кој ќе ги готвите на пареа.

Плехот обложете го со хартија за печење, а рерната вклучете ја на 180 степени.

Во садот со белките додадете прстофат сол и започнете да матите со миксер, па изматете цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Кога ќе добиете цврст снег, намалете ја брзината на најслабо, па додадете ги двете жолчки, една по една и кратко соединете со белките. Миксерот тргнете го на страна.

Сега додадете мелени ореви и брашно, претходно измешани, па со шпатула или дрвена лажица внимателно промешајте, да не ја спуштите пената.

Оваа смеса излејте ја во плехот, израмнете и печете околу 25 минути на 180 степени, додека кората да добие убава златно жолта боја. Постапката повторете ја уште еднаш.

За фил: пенасто изматете 16 жолчки со шеќер, во садот во кој ќе го готвите филот на пареа. Треба да добиете густа, бедо жолтеникава смеса. Земете уште еден соодветен сад, ставете во него вода и ставете на оган да зоврие.

Садот со жолчките ставете го врз него и гответе постојано на пареа мешајќи со лажица, 15-18 минути, додека филот да ја добие потребната густина. не можам точно да ви кажам колку време е потребно, но отприлика ќе знаете кога филот ќе згусне а лажицата не остава трага кога ќе повлечете по дното на садот.

Тргнете од пареа, додадете арома од ванила, млеко како и млеко во прав, но внимавајте да немате грутчиња. Ако матете со жица поенергично се разбиваат сите евентуални грутчиња.

Потоа вратете повторно на пареа и гответе уште 5-6 минути, за филот повторно до згусне.

Оставете да излади на собна температура. Во изладениот фил додадете го путерот омекнат исто така на собна температура, па заедно измиксајте ги пенасто во мазен крем.

Добиениот крем поделете го на 3 еднакви дела.

Во првиот дел ставете мелени ореви, во вториот растопено чоколадо (малку подизладено), а во третиот растопена лажичк нес кафе, мокачино или друго по ваш вкус.

Тргнете ја хартијата од двете кори, пресечете ги така да добиете 4 кори.

Редење: кора, 1 фил, кора, втор фил, кора, трет фил, кора, а најгоре шлаг.

Тортата се остава да излади убаво во фрижидер, најдобро преку ноќ.