Запишете си го овој рецепт и следниот пат кога ќе видите лук, направете „природен антибиотик во тегла“. Во ек е спремањето зимница, па не заборавајте да го приготвите и овој рецепт и да се обезбедите со природен антибиотик преку целата зима.

Одбирајте домашен лук, по можност сосе дршка кој тукушто ја оформил главицата, па дури и ако е ситен, бидејќи е свеж и не е третиран со различни средства за да му се продолжи рокот. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг лук, 1.5 чаша јаболков или вински оцет (300 мл), 1.5 супена лажица сол (кристален), 1 мала лажичка лимонтус, 4 тркалца лимон, 2 ловорови листови, 2 тегли од 1 литар, топла вода по потреба

ПОПСТАПКА: Главиците лук исечете ги од дршката и коренестиот дел и излупете ја надворешната лушпа (првите две тенки лушпи). Потоа измијте го со ладна вода и оставете добро да се исцеди.

Наполнете ги теглите со лук и ставете по еден ловоров лист и по две тркалца лимон. Во посебен сад измешајте го оцетот со солта и мешајте додека да се раствори, а потоа сипете по половина во двете тегли.

Дополнете ги теглите со врела вода до врв. Затворете ги со нови и стерилизирани капаци, протресете ги добро и чувајте ги 15 дена на темно и ладно место (подалеку од сончева светлина).

Ако времето е топло, по изминатото време (15 дена) теглите чувајте ги во фрижидер. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „КРЦКАВ И КИСЕЛКАВ КРОМИД ВО ТЕГЛА: Одлична зимница-салата за со месо или за пица, а може да се јаде истиот ден“ – ОВДЕ.