Сусам салата овојпат приготвена со сирење е одличен деликатес кој за многумина е омилен. Кога имаме слава или некоја друга прослава редовно ја приготвувам во голема количина, зашто има неодолив вкус, кремаста е и одлично се комбинира со секакво јадење.
Може да се јаде дури и како намаз, да се послужи со тестенини, печено месо, кифлички..едноставно, со сè. За првиот рецепт подолу во текстот има и видео презентација.
Како втор предлог прочитајте го рецептот за сусам салатата од 4 состојки и која се приготвува за 5 минути. Се надеваме дека и третиот предлог за пилешка сусам салата ќе ви се допадне. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г ситно сирење, 100 г сусам или по вкус, 130 г маринирана шеќерна пченка во зрно (тоа е онаа најмалата конзерва), 3-5 кисели краставички во зависност од големината, 100 г шунка, 1 полна супена лажица кисела павлака (може и повеќе), 50 г мајонез, сол и мелен црн пипер по вкус
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г сусам, 200-250 г кашкавал, 400 г кисела павлака, 250-300 г шунка
РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 450 г пилешко бело месо (300 г варено пилешко бело месо + 150 г пилешки гpaди-салама), 5 супени лажици сусам (пропржен во сува тава и оладен), сол по вкус (третина лажичка), 200 г кисела павлака, 4 супени лажици јогурт
ПОСТАПКА за рецепт 1: измешајте ги сирењето, исечканите кисели краставички, шунката и пченката процедена од течноста, убаво да се распоредат. Посолете и запиперете, па додајте ја киселата павлака и мајонезот, па повторно добро промешајте.
Сусамот истостирајте го изладете го (ставете го во сува тава на умерена температура и пржете го со непрекинато мешање додека да почне да мириса убаво и сосем малку да пожолти). Оладениот сусам додајте го во салатата и сето соединете го. Оваа салата може да се послужи веднаш, или да се чува покриена со фрижидер до послужувањето. Следи постапката за вториот рецепт:
ПОСТАПКА за рецепт 2: колку што можете поситно исечкајте ја шунката. Кашкавалот изрендајте го, или ситно исечкајте го со помош на „сечко“ или рачно. Сусамот кратко пропржете го во сува тава колку да замириса и сосем малку да ја промени бојата. Оставете го да излади.
Во подлабок сад измешајте ги сите состојки: шунката, кашкавалот и изладениот сусам, а на крај додајте ја киселата павлака. Добро измешајте додека сите состојки рамномерно се изедначат. Пред сервирање изладете ја салатата неколку часа во фрижидер. Следи постапката за третиот рецепт:
ПОСТАПКА за рецепт 3: Во суво тенџере или тава ставете го сусамот да се пропржи на умерена температура со непрекинато промешување за да не загори, само додека да добие убава арома и темнозлатеста боја. Тргнете го настрана и додека се лади сусамот, вие ситно исечкајте го белото месо.
Потоа додајте крупно рендана пилешка салама (по ваш избор, може шунка, салама, гpади..). Потоа додајте ја киселата павлака, малку сол по вкус, и на крај додајте го печениот и оладен сусам.
Добро промешајте со лажица за да се распоредат рамномерно сите состојки. Додајте сосем малку течен јогурт (4 лажици или по потреба) за да се разреди густата смеса и повторно промешајте. Сервирајте во декоративен сад и одозгора наросете сусам. Деталите од првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ.