Home посни колачи ПОСНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА…Во последно време ништо повкусно не сум пробала

ПОСНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА…Во последно време ништо повкусно не сум пробала

Потребни состојки за 2 кори:

1 чаша (200 мл) газиран сок со вкус на портокал
3 чаши шеќер
2 чаши брашно
2 лажици џем од кајсии
1 лажичка рамна сода бикарбона
3 лажици масло
20 лажици мелени ореви

За преливање:

300 г шеќер
1 коцкичка маргарин

За чоколадна кора:

200 г чоколадо
1 коцкичка маргарин

За крем:

600 г таан алва со какао
5 лажици шеќер
6 лажици какао
100 мл вода
2 маргарини (2х250 г)

За шлаг:

500 г посен шлаг
300 мл газирана вода

Постапка:

За кора: сите состојки соединете ги и од тоа испечете 2 кори на 200 степени околу 10 минути.

Прелив: растопете го шеќерот убаво да се карамелизира, додадете маргарин и прелијте преку секоја кора.

Чоколадна кора: растопете чоколадо со маргарин и прелијте преку двете кори.

Крем: растопете ја алвата со останатите состојки и изладете.

Шлаг: изматете го шлагот со газирана вода.

РЕДЕЊЕ: кора – прелив – чоколадна кора – крем – шлаг – прелив – чоколадна кора – крем – шлаг

Украсете по желба со шлаг или со чоколадо.

Најубаво е да се приготви ден-два пред послужување за убаво да се впијат состојките и да омекнат корите. Тортата е прекрасна.