Home салати 2 САЛАТИ СО ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ…Брзи, едноставни, не знаеш која е повкусна…

2 САЛАТИ СО ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ…Брзи, едноставни, не знаеш која е повкусна…

Рецепт 1 - Урнебес салата

РЕЦЕПТ 1 – Салата од печени пиперки „Урнебес“

Печените пиперки се незаменлив дел од балканската кујна, а нивниот богат вкус совршено се вклопува во оваа кремаста и ароматична салата.

„Урнебес“ со печени пиперки е едноставна за подготовка, а резултатот е вистинско уживање за непцето. Оваа салата е идеална како прилог или намаз за секоја пригода, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Рецепт 1 – Урнебес салата
Рецепт 2 – Мозаик салата

Потребни состојки:

– 5 средно големи печени пиперки
– 1 чешне лук
– 300 г фета сирење
– 2 лажици масло
– 1 прстофат сол
– НМД

Постапка:

1. Излупете ги печените пиперки, отстранете им ги семките и дршките. Исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во сад за блендирање или сечко.

2. Додајте го чешнето лук, претходно истискано низ преса, и блендирајте ги заедно со пиперките до добивање кремаста смеса.

3. Фета сирењето издробете го со виљушка на ситни парчиња.

4. Во сад, соединете ја смесата од пиперки и лук со издробеното фета сирење. Додајте го маслото и добро измешајте.

5. По вкус, додајте прстофат сол доколку сирењето не е доволно солено. Промешајте уште еднаш за да се соединат сите состојки.

6. Салатата е готова за послужување. Може да се чува во фрижидер до 2 дена.

РЕЦЕПТ 2- Салата со печени пиперки и салама „Вкусен мозаик“

Оваа салата, наречена „Вкусен мозаик“, е омилена меѓу децата и возрасните поради својата разновидност и богат вкус.

Комбинацијата од печени пиперки, салама и кашкавал, зачинета со кремаста кисела павлака, создава совршена хармонија на вкусови.

Брза за подготовка, оваа салата е одличен избор за семејни собири или ужина, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 3 средно големи печени пиперки
– 200 г салама (или шунка по желба)
– 100 г кашкавал
– 100 г фета сирење
– 300 г кисела павлака
– 2 лажици масло
– 2 прстофати сол или по вкус
– 2-3 лажици пржен сусам
– НМД

Постапка:

1. Излупете ги печените пиперки, отстранете ги семките и дршките, па исечкајте ги на ситни коцки.

2. Саламата исечкајте ја на мали коцки. Кашкавалот изрендајте го ситно, а фета сирењето издробете го со виљушка.

3. Во длабок сад, соединете ги пиперките, саламата, кашкавалот и фета сирењето. Додајте ја киселата павлака, маслото и сол по вкус.

4. Добро измешајте за да се соединат сите состојки. По желба, додајте пржен сусам и повторно промешајте.

5. Салатата е готова за послужување. Може да се чува во фрижидер до 4 дена, но поради нејзиниот неодолив вкус, ретко трае толку долго.

Уживајте во овие две прекрасни салати што ќе го збогатат секој оброк! Деталите од постапката погледнете ги во видео прилогот ОВДЕ: