Зошто прстите отекуваат (премногу сол, бубрези, артритис, лимфедем…) и кога е време да се посети лекар

Отечените прсти може да бидат знак дека претходниот ден сте консумирале нешто солено па имате задршка на течности, а можеби сте болни од артритис, лимфедем или пак, имате проблем со бубрезите…

Ако отечените прсти не болат и нема никакви аномалии, помош од лекар нема да ви биде потребна. Меѓутоа, ако тој оток е проследен со болки, тоа може да биде симптом на некое заболување или потенцијална опасна состојба. Научете да ги препознавате.

Loading...

ПРЕМНОГУ СОЛ

Солена храна, премногу чипс, пршута или пржена храна може да биде причина за отекување на прстите. Телото ја одржува водата и солта во рамнотежа.

Кога консумираме поголема количина сол, телото “си мисли дека сме дехидрирани”, па истото го компензира со задржување на вишок вода, со што се објаснува отеченоста.

Отеченоста која ја предизвикува солена храна поминува сама од себе, за еден ден, иако може да трае и подолго, во зависност од тоа колку сол сме внеле во организмот. Ако и покрај тоа што внимавате на консумирањето на солта, а отоците остануваат, би требало да посетите лекар.

ОСТЕОАРТРИТИС

Овој вид на артитис е поврзан со стареењето, а претставува трошење на ‘рскавицата, при што доаѓа до триење на една коска од друга, што доведува до појава на болка. Остеоартритисот честопати, но не секогаш, е проследен со болка и вкочанетост. Многу облици на артритис може да резултираат со отечени и болни прсти

СИНДРОМ НА КАРПАЛЕН ТУНЕЛ

Кога нервот кој поминува низ подлактицата, сè до палецот, ќе биде нагмечен во рачниот зглоб, тогаш доаѓа до појава на синдром на карпален тунел, кој е многу непријатен.

Отекувањето на прстите е проследено со болка, пецкање и нивно болно трпнење навечер. Болеста се развива споро, во текот на неколку години, а карактеристична е за неколку занимања, како што се стоматолози, забни техничари, луѓе кои многу работат на компјутер и луѓе кои работат на машини кои имаат силни вибрации. Истражувањата покажауваат дека овој синдром трипати почесто ги погодува жените отколку мажите., а често отекуваат и рацете и нозете.

ЛИМФЕДЕМ

До оваа болест, односно до отекување на екстремитетите доаѓа кога лимфата не се дренира адекватно. Прстите на рацете и нозете може да отечат

Лимфедемот е често проследен со чувство на тешкотија во сопствената кожа. Во ретки случаи, го предизвикува абномарлен раст на лимфниот систем.

НУСПОЈАВА НА НЕКОИ ЛЕКОВИ ИЛИ КОМБИНАЦИИ

Одреден број лекови може да предизвикаат отекување на прстите од рацете, а тоа се лекови за висок крвен притисок, лекови против болки кои се земаат без рецепт, лекови за дијабетес, стероиди и контрацептивни апчиња. Во секој случај, доколку отечете после примената на лековите, јавете се кај лекарот кој ви ја препишал терапијата.

ПРОБЛЕМИ СО БУБРЕЗИТЕ

Ако бубрезите не успеваат да го елиминираат вишокот течности од организмот, резултатите се отеченост на лицето и екстремитетите. Кога бубрезите не го филтрираат она што треба да излезе од телото, течноста со “лошите” супстанции останува во организмот.

РЕЈНООВА БОЛЕСТ

Рејноовата болест се карактеризира со нарушување на циркулацијата на крвта, со стеснети крни садови поради студ или стрес. Стеснувањето на крвните садови ја ограничува циркулацијата на крвта и таа не доспева до прстите, па доаѓа до појава на болка кога еднаш ќе се изложете на топло или кога стресот ќе помине.

Оваа состојба е почеста кај жените отколку кај мажите. Ако забележите дека прстите ви помодруваат или се премногу бледи пред да отечат, станува збор за еден од индикаторите на Рејноовата болест.

Loading...